недела, 19 мај 2024

Денеска времето сончево и потопло, во среда доаѓа влажен бран

Времето денеска се очекува да биде сончево со мала доумерена облачност, ќе дува слаб јужен ветер. Максималните температури ќе се искачат до 26 степени долж Повардарието.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Утре попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ