сабота, 27 јули 2024

Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска ќе се одржи 12-то издание на „Авицена женска трка“.

Објавено на

часот

Сподели

Стартот на трката е во 10 часот од булевар Илинден, во близина на фонтаната Лотос, а учесничките ќе трчаат три километри.  Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.

Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот  ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот Илинден.

„И оваа година има голем број пријавени за трката. На сите учеснички им посакуваме среќа“, соопштија организаторите на „Авицена женска трка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ