Фестивалот ќе се одржува на паркингот на „Театар Комедија“. Во работните денови љубителите на улична храна ќе може да го посетат од 17 часот, а за време на викендот од 13 часот.
„Како секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна. Skopje Street Food Festival ги собра сите најдобри ресторани и бистроа за улична храна во Скопје на едно место и со тоа ви овозможува да уживате во прекрасни ароми и богати вкусови кои ќе ве одведат на незаборавна кулинарска авантура низ светот. Од наjвкусните италијански пици и паста, до мексикански такоси, американски бургери и многу други, откријте ги овие скриени богатства и иновативни креации на храна од кои ќе посакате залче повеќе“, најавуваат организаторите.
На фестивалот ќе учествуваат: Jojo’s BBQ, Matto Napoletano, Bubble Waffle’s, Fat Kitchen Bistro, Scoop Artisan Gelato, Taco’s Jam, Three Hundred Rabbits, Oljo’s Street Food, Mustacos Taqueria, Moremania, Thai Box, Jes Pasta, Dren, Brunch Box Eatery и FJ Culinary Consultants.
Најавена е и музичка програма во чии рамки посетителите ќе имаат можност да ги слушнат бендовите Session Selection, Day Off – The next Generation и In the Mood, а специјален гостин е германско- америчкиот DJ и продуцент DJ Pari. Музика ќе пуштаат и нашите DJ-и, Bojan Chakra и Double G.