сабота, 27 јули 2024

Денеска трет митинг „Србија против насилството“

Објавено на

часот

Сподели

Протест „Србија против насилството“, на кој повика дел од парламентарната опозиција, денеска по трет пат ќе се одржи пред Собранието на Србија.

На протестот ќе се бара сменување на членовите на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), на министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ, на директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, исклучување на печатените медиуми и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи, од кои, според тврдењата на организаторот, се „шират омраза, насилство и страв“ и ќе се повика на укинување на емисиите што промовираат насилство.

На претходните два протести беше побарано и закажување седница на српскиот парламент на тема безбедност, а седницата почна во четвртокот.

Барањата беа прочитани и во почетокот на претходните две средби пред Собранието на Србија.

На првиот протест, во понеделникот на 8 мај, колоната учесници на протестот од собранието се упатија кон Владата, додека на вториот протест во петокот на 12 мај учесниците се упатија кон мостот Газела, кој како и автопатот кај Нови Београд беше во двочасовна блокада.

Според претходните најави на организаторите, денеска не се планира блокирање на автопатот.

На протест под слоганот „Србија против насилството“ на 5 мај повикаа пратеничките групи на Демократската партија, Народната партија, Зелено-левиот клуб, Мораме – заедно и Обединети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ