сабота, 27 јули 2024
Време

Денеска топло, на места и до 30 степени

УХМР за денеска прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 24 до 30-от степен на југоистокот од земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според УХМР, до почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ