среда, 30 октомври 2024

Денеска температурата и до 41 степен, останува да важи портокаловото ниво на опасност

Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето е особено топло и дневната температура наместа ќе надмине 40 степени. Во Скопје максималната температура ќе достигне 41 степен. Од четврток, а особено во деновите од викендот се очекува невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Објавено на

часот

Сподели

Според прогнозата на УХМР, времето денеска е сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура достигне до 41 степен. УВ-индексот ќе има вреднсот 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне 41 степен.

УХМР до крајот на оваа седмица прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

„Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град“, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради новиот топлотен бран во првите три дена од оваа работна седмица, до утре важат препораките за намалување на ризиците од високите температури кои ги усвои Владата на седница во неделата, на барање на Министерството за здравство.

Со препораките за превенција, ослободени од работните обврски се најранливите групи население –  бремените жени и лицата постари од 60 години.

На работодавачите им е препорачано од 12 до 14 август да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено односно да се избегнуваат работни активности на отворено од 11 до 17 часот, а во тој период од денот да не се изнесуваат ниту децата од градинките и тие да немаат физичка активност.

На општините, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се укажува да им помогнат на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ