сабота, 27 јули 2024

Денеска Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Адеми

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Објавено на

часот

Сподели

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за Сакамдакажам.мк посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ