петок, 18 октомври 2024

Денеска српскиот премиер Вучевиќ доаѓа во официјална посета на Maкедонија

Српскиот премиер Милош Вучевиќ заедно со неговата делегација денеска ќе дојде во Скопје во официјална посета на земјава. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе го пречека својот српски колега во 10 часот, а во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу двајцата премиери.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е да се одржи и пленарна средба помеѓу делегациите на двете земји, по што ќе следи свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со српското Министерство за рударство и енергетика. Во 11 часот и 45 минути е предвидена заедничка прес-конференција за медиумите во медија центарот на Владата.

Поради посетата на сррпскиот премиер полицијата ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ