Како што соопштуваат од ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.