вторник, 23 април 2024

Денеска се отвора Џевахир мол Скопје во Аеродром

Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18 часот.

 

Објавено на

часот

Сподели

Турскиот бренд за детска облека „Панчо“, водечкиот турски бренд за мажи „Луфиан“, првиот изложбен салон за автомобили на „Гили“, хипермаркетот Кит-Го, Синсеј, ДеФакто, ДМ, Сара Фешн, Просветно дело, Плејграунд (Playground) игротека за најмладите, Франк Урбан кафе и Бабилон кафе се дел од брендовите коишто Џевахир Мол Скопје ќе ги понуди за посетителите.

Џевахир мол ќе биде домаќин и на првата Концепт рум (Concept Room) галерија во трговски центар, простор наменет за творење и изложбена галерија за локалните уметници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ