петок, 26 јули 2024

Денеска протести на синдикатите и на студентите на ФИНКИ

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред Врховниот суд во Скопје ќе одржи протест изразувајќи незадоволство од одлуката што судот ја донесе за одземање на Работничкиот дом. Денеска протест најавија и од  Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Тие денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Протестот на ССМ ќе почне пред зградата нивната зграда, а ќе заврши пред Врховниот суд.

Врховниот суд на 9 ноември лани донесе пресуда со која Работничкиот дом му се одзема на ССМ по што раководството на ССМ побара оставка од судиите што ја донесоа одлуката и поднесе предлог за нивно разрешување до Судскиот совет.

ССМ испрати барање и до Уставниот суд бидејќи Врховниот суд не ја почитувал одлуката на Уставниот суд донесена во 1992 година во која се кажува дека државата нема право да одзема имот на синдикатите.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во четвртокот на прес-конференција рече дека протестот се организира со цел да им се покаже на судиите дека треба да се одважат и побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците бидејќи ССМ пред еден месец доставил предлог за повторување на постапката врз основа на новите докази до Основниот граѓански суд Скопје.

„На државата не ѝ треба уште една зграда, ѝ требаат работници и синдикати“, рече Трендафилов на прес-конференцијата.

Маратонот на студентите е под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар, со крајна цел до Владата.

По завршување на трката, како што е најавено, ќе се одржи мирен протест пред Владата со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.

„ФИНКИ изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата, кои ги поставивме на минатиот протест одржан пред Владата“, се вели во најавата од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ