петок, 26 јули 2024

Денеска претпладне посебен режим на сообраќај во Скопје

Во Скопје денеска од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од СВР – Скопје, посебен сообраќаен режим ќе има по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на булевар Илинден–локација Фонтана, ќе се движат по булевар Илинден до крстосница со улица Никола Парапунов, потоа до крстосница со булевар Партизански одреди, десно кон населбата Ѓорче Петров до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улица Љубљанска, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улица Никола Парапунов и по булевар Илинден до целта на локација Фонтана на булевар Илинден.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ