сабота, 27 јули 2024

Денеска пред Анкетната комисија за онкологоија ќе бидат сослушани Филипче и Меџити

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија. 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, и оти потоа ќе зборува Меџити. 

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.  

За скандалот на Онкологија Јавното обвинителство се уште води истрага, а повремено протести организираат групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ