сабота, 27 јули 2024

Денеска пратенички прашања со нова конференциска опрема

Објавено на

часот

Сподели

Новата модерна конференциска опрема во пленарната сала нуди целосно компјутеризиран и дигитален принцип на функционирање, поточно работа без хартија, управување со редоследот на говорници, унапреден видео-стримиг, видео-архива со пребарување, извештај за гласање на секоја точка на дневен ред…

Новата опрема и новата веб-страница на Собранието ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом.

Новинарите повторно ќе може директно да ги следат седниците од галеријата во пленарната сала, откако е вратен во функција и прес-центарот во салата бр.3. На снимателите и на фото-репортерите денеска ќе им биде овозможено снимање на инсерти на почетокот на 72. седница.

Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник”, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ