сабота, 27 јули 2024

Денеска посебен режим на сообраќај на булевар „Илинден“ во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

На трката ќе учествуваат сите пријавени припаднички на женскиот пол без ограничување на возраста.

Според програмата, во 9:40 часот е предвиден аеробик за загревање, а во 10 часот е стартот на трката на три километри. По прогласувањето на најдобрите учесници, ќе има и лотарија. 

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека поради одржувањето на трката ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“. 

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трката ќе се одвива по следната траса – од булевар „Илинден“ пред фонтана „Лотос“ (старт и цел) до крстосницата со булевар „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта кај фонтана „Лотос“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ