„Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, поради одржување протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп“, појаснува Министерството за внатрешни работи.
Секторот за внатрешни работи – Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.