Видевски, Манев и Кешишов за време на истрагата го идентификуваа Палевски како главен организатор на злосторството, Тројцата ја однеле и полицијата до телата на жртвите.
За свирепото двојно убиство јавноста дозна на 3 декември. Тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и обвинителот Бубевски ги обелоденија првите детали. Палевски беше уапсен од турските власти на почетокот на декември во турскиот град Баликесир. Тој по пет месеци беше екстрадиран во Македонија.
Според веќе покренатото обвинение, целта на обвинетите била да присилат член на потесното семејство на Вања, да даде парични средства за откуп. Таткото на Вања е обвинет дека помогнал во грабнувањето.
На денешното судење се очекува постапката за Палевски и останатите четворица обвинети да се спои, инфромираат од судот.
Обвинителниот акт даде и детали од грозморното убиство.
Поранешниот градежен бизнисмен и основач на партијата Десна, Љупчо Палевски има низа кривични пријави изминативе 20 години. Против Палевски во 2019 е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање.
Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Палевски, секојдневно објавуваше главно политички статуси што дополнително ја згрози целата јавност.