сабота, 27 јули 2024

Денеска почнува „Самит Македонија 2025“

Објавено на

часот

Сподели

Фокусот на годинaшниот самит е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство.

На 12-тото издание на овој престижен регионален настан, во вкупно 13 панели со актуелни теми, своите богати искуства и знаења ќе ги споделат 40-тина врвни говорници.

На затворањето на самитот, како што е најавено, ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски. 

„Самитот Македонија 2025“ е врвен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организациите и инспирација за промени во Југоисточна Европа.

Секоја година на самитот присуствуваат креатори на политики, лидери на компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници на академската и на граѓанската заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ