понеделник, 21 октомври 2024

Денеска на ЕП: Моќниот напад на Шпанија, против цврстата одбрана на Франција

Вечерва се игра првиот полуфинален натпревар на Европското првенство, во Минхен на Алијанц Арена, Шпанија и Франција ќе се борат за место во големото финале.

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на Европското првенство, Франција беше значително поголем фаворит од Шпанија за освојување на континенталниот пехар, но од прикажаното досега, Шпанците импресионираа многу повеќе.

Шпанија е селекцијата која најмногу покажа досега. Младиот и полетен состав на Де Ла Фуенте ги освои навивачите, особено е впечатлива нивната напаѓачка игра, постигнаа досега дури 11 голови, па во денешниот дуел Шпанците се благ фаворит.

Франција дојде до полуфиналето, но уште нема постигнато гол од игра. Тоа се случува првпат на Европските првенства. Французите се протнуваа со автоголови, пенали… но немаат погодок од направена акција. А немаат ни примено таков, што говори дека нивната одбрана е на високо ниво.

За разлика од Дешам кој ги има сите фудбалери на располагање, Де Ла Фуенте има тројца играчи во аут. Карвахал и Ле Норманд се суспендирани, а Педри се повреди.

Натпреварот почнува од 21 часот, ќе го суди словенечкиот судија, Славко Винчиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ