петок, 26 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Денеска молк

Од полноќ настапи молкот во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори и парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Утре на 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1.033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

Се гласа на 3.480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Денеска први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

ДИК навреме го достави недоверливиот и доверливиот материјал до општинските изборни комисии.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека вчера на полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори, односно дека од полноќ почна изборниот молк кој трае до 19 часот на 8 мај.

„За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања“, информираат  од АВМУ.

Според Изборниот законик, потсетуваат од АВМУ, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ