сабота, 27 јули 2024

Денеска Македонија игра против Грција, влезот е слободен

Ракометната репрезентација на Македонија денеска и утре игра пријателски натпревари против Грција во салата „Борис Трајковски“ како дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Денешниот меч кој се игра од 17 часот е единствениот на кој ќе можат да се видат ракометарите пред заминувањето во Германија, утрешниот дуел ќе биде од затворен карактер.

Влезот во „Борис Трајковски“ за денешниот меч ќе биде слободен, тоа е добра можност што поголем број на навивачи да се соберат и да ги поздрават ракометарите пред заминувањето за Германија.

Македонија Европското првенство го почнува на 10. јануари против Франција, во групата се уште и домаќинот Германија и Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ