Денешниот меч кој се игра од 17 часот е единствениот на кој ќе можат да се видат ракометарите пред заминувањето во Германија, утрешниот дуел ќе биде од затворен карактер.
Влезот во „Борис Трајковски“ за денешниот меч ќе биде слободен, тоа е добра можност што поголем број на навивачи да се соберат и да ги поздрават ракометарите пред заминувањето за Германија.
Македонија Европското првенство го почнува на 10. јануари против Франција, во групата се уште и домаќинот Германија и Швајцарија.