четврток, 26 декември 2024

Денеска конститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за денеска во 15 часот ја закажа конститутивната седница на Советот за безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ