сабота, 27 јули 2024

Денеска ќе биде потопло, утрово -9 во Битола, -12 степени во Демир Хисар

Денеска се очекува времето да биде потопло и температурите во целата земја да се искачат над нулата, а на југоистокот во земјава и над 10 сте-ени. Утрово беше студено, но со не така екстремни температури како во изминатите неколку денови, освен во Битола каде во 6 часот беа измерени -9 степени и во Демир Хисар каде температурата се спушти до -12 степени. Во Гевгелија пак, беа измерени 7 степени над нулата, а во Дојран 6 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 11 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до -5 степени во источните делови од градот, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на седмицава ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ