Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул.
Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје.
Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул.
Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје.
Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.
И заменик министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изразил сочувство до целиот народ на Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани.
„Заменик министерот Бозај во интервју за емисијата „Низ Балканот“ ( Across the Ballkans), емитувана на ТРТ Ворлс (TRT World), се осврна на трагичниот настан што ја трогна Македонија и изрази сочувство, додаваат од амбасадата.
„Како земји од регионот, континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Македонија, по разорниот земјотрес што ја погоди нашата земја во 2023 година, испрати тимови за спасување. Така и ние, веднаш по овој трагичен настан, испративме авиони и деветмина државјани на Македонија ги пренесовме во Турција за лекување. Во оваа прилика, уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите“, изјавил Бозај.