понеделник, 21 октомври 2024

Денеска и утре посебен режим на сообраќај на Илинденска во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до булеварот „Климент Охридски“, во двата правца.

„Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје“, информира СВР Скопје и  апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се случува настанот.

За утре е закажан првиот митинг на кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ