Сообраќајот кон градски гробишта Бутел се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта – десно по ул. „Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. „Бутелска“, па лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај е воведен и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.