сабота, 27 јули 2024

Денеска е Рамазан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед во целиот свет го почнаа тридневното празнување на Рамазан Бајрам. Еид ал-Фитр започна на зајдисонце и го означува крајот на постот за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Објавено на

часот

Сподели

По рамазанскиот пост, исполнет со прошка и милостина, верниците го поминуваат големиот празник со семејството и пријателите, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.

Во претходните 30 дена пост, верниците се воздржуваа од јадење, пиење, телесни задоволства, како и од грешни мисли и постапки од утро до зајдисонце.

Рамазан се смета за најважен и најпросветлен месец за муслиманските верници, во кој, се верува, започна објавувањето на светата книга Куран за муслиманите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ