Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламентарното мнозинство што се очекува да ја поддржи новата влада во Собранието се состои од 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.
Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандатарот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страници. Носечка цел, како што се наведува, е „обнова на довербата во институциите на државната власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економско заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места“.