сабота, 27 јули 2024

Денеска бесплатно паркирање на ПОЦ и на зонските на Градски паркинг

Сите паркиралиштата со кои стопанисува Паркинзи на Општина Центар, како и паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д за кои е надлежен Градски паркинг денеска на празникот Рамазан Бајрам, ќе бидат бесплатни за паркирање за сите граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Градски паркинг денеска наплата за паркирање ќе се врши само во зоната АО на Водно, потоа во катните гаражи Беко и 26ти Јули, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и на паркиралиштето на Клинички центар.

Редовната наплата на сите паркиралиштата ќе продолжи в четврток со вообичаено работно време.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ