сабота, 27 јули 2024

Денешното помрачување на Сонцето видливо во Северна Америка и дел од Европа

Целосното затемнување на Сонцето денеска ќе биде видливо во еден тесен појас низ Северна Америка, но во него делумно ќе можат да уживаат и некои Европејци.

Објавено на

часот

Сподели

Делови од Северна Америка ќе бидат во мрак за време на целосното затемнување на Сонцето.

Ако дозволат временските услови, десетици милиони луѓе што живеат по должината на еден тесен дел од мексиканскиот брег на Тихи Океан до источна Канада ќе можат да го проследат моментот кога Месечината ќе го засени сонцето.

Европејците овој пат нема да бидат сведоци на целосното затемнување, но жителите на Ирска или Велика Британија вечерва ќе видат делумно затемнување, доколку небото остане ведро.

За да се набљудува целосно затемнување на Сонцето, неопходно е да се користат темни очила за да се спречи оштетување на очите.

Единствениот период кога е безбедно да се извадат очилата е во текот на неколкуте минути целосен мрак.

Секој што сака да го следи овој природен феномен, а живее далеку од појасот на целосно или делумно затемнување, ќе може да го гледа на интернет.

Целосното затемнување на Сонцето ќе трае подолго од вообичаеното бидејќи Месечината ќе биде на само 360.000 километри од Земјата, што е еден од најблиските приоди оваа година, според НАСА.

Колку е поблиску Месечината до Земјата, толку е поголема на небото од наша перспектива, што резултира со особено долг и интензивен период на темнина што го блокира сонцето.

Мракот ќе трае најдолго над Мексико – четири минути и 28 секунди. На други места по патеката, како во Сиракуза, Њујорк, вкупно ќе трае само минута и половина.

Пред седум години, најдолгиот период на мрак беше во близина на Карбондејл, Илиноис – траеше две минути и 42 секунди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ