Земјотресот кој се почувствувал утринава, кој го разниша и Њујорк, бил најсилен од 1783 и 1755 година, кога таа држава ја разнишале два земјотреси со јачина од 5,1 степен.
Двата се случиле пред Њу Џерси да стане сојузна држава, во декември 1787 година, но се случиле во географската област долж границата на таа држава на југот.
Земјотресот бил трет најсилен на североистокот на САД во претходните 50 години, и десетти најсилен на сите времиња во тој регион, покажуваат податоците на УСГС.
Земјотресите во Њу Џерси и регионот се ретки.
Од 1700 година во Њу Џерси се забележани само 24 земјотреси со јачина од 2,5 или повеќе.
Летовите на аеродромите во Њујорк привремено беа прекинати по земјотресот.