понеделник, 20 мај 2024
УХМР

Денес сонце, дождови се најавени за 1 мај

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ