сабота, 19 октомври 2024

Денес протест пред судот во Тетово за пожарот во модуларната болница

Објавено на

часот

Сподели

Роднините на загинатите и граѓаните на Тетово преку социјални мрежи се организираа за денешниот протест поттикнати од содржината на документарниот филм на Истражувачката репортерска лабораторија насловен „Убиство во Тетово“. ИРЛ направи реконструкција на случајот, споделија документи и сведочења, објавија детали околу тендерот за изградба на модуларните болници, за сомневањата од какви материјали беа направени тие објекти, за сомневањата околу несоодветната градба и лошата електрична инсталација…

Основниот суд во Тетово изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело тешки дела против општата сигурност за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи.

Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото. Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото непостапување по здравствени прописи. На Клиничката болница ѝ е изречена парична казна од еден милион денари.

За овој случај имаше и обвинение, како и пресуда. Обвинителот ги гонеше двајцата ексдиректори на тетовската болница и докторот задолжен за модуларниот објект. Но, не и за причините за пожарот, за противпожарната заштита, во објектот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага, а која се однесува за тоа како е спроведен тендерот за изградба на сите модуларни објекти, дали се вградени сите материјали пропишани во техничката спецификација и каква била изведбата. Предметот е во фаза на истрага повеќе месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ