сабота, 27 јули 2024

Денес ќе биде лансирана најмоќната ракета во светот. Првите две лансирања беа неуспешни

Спејсекс денес планира да се обиде уште еднаш да го лансира Старшип, најмоќната ракета во светот, клучна за плановите на НАСА за превоз и слетување на астронаутите на Месечината и подалечни дестинации подоцна оваа деценија, како и за исполнување на планот на Илон Маск за можно населување на Марс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двата претходни обиди завршија со спектакуларни експлозии, иако и тоа не мора да биде лошо, бидејќи американската компанија усвои брз пристап на методот на обиди и грешки за да го забрза развојот, а таа стратегија во минатото резултираше со успех.

Лансирањето од космодромот на компанијата во југоисточен Тексас треба да се случи во 7 часот наутро по локално време (13 часот по средноевропско), откако Сојузната управа за воздухопловство (ФАА) вчера го одобри. Спејсекс ќе го почне преносот во живо триесет минути пред полетувањето.

Кога ќе се спојат двете фази на Старшип, ракетата е висока 121 метар и со висината ја надминува Статуата на слободата. Неговиот „супер хеви бустер“ при лансирањето произведува 74,3 мегањутни потисок, што е речиси двојно повеќе од втората најмоќна ракета во светот, Спејс лонч системот на НАСА, која сега е целосно оперативна.

Третиот тест за лансирање на Старшип во сложена конфигурација ќе биде најамбициозниот досега. освен што треба да отиде подалеку, меѓу целите се отворање и затворање на вратите за корисен товар за да се тестира неговата способност за испорака на сателити и друг товар во вселената.

Една од целите кои овој пат треба да се исполнат е повторно палење на моторот во вселената и обид за изведување тестови на ракетата кои треба да придонесат да се развие полнењето гориво во орбитата за сите следни ракети на Спејсекс.

Планирано е Старшип да стигне во орбитата, а потоа контролирано да се спушти во Индискиот Океан, нешто повеќе од еден час по лансирањето. И првиот и вториот обид за лансирање на Старшип завршија со неуспех, односно експлозија.

Вториот лет траеше подолго. Ракетата експлодира над Мексиканскиот залив набрзо откако нејзините два дела се одвоија. Еден од деловите продолжи да се движи кон вселената, но неколку минути подоцна компанијата соопшти дека го изгубила контактот со него.

ФАА минатиот месец ја затвори истрагата за инцидентот откако идентификуваше 17 корективни дејства кои Спејсекс треба да ги преземе. Спејсекс мора да биде спремен за планираното враќање на американските астронаути на Месечината во 2026 година, користејќи модифициран Старшип како возило за слетувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ