сабота, 27 јули 2024

Дендијас: По мисијата во Црвеното Море, Грција бара клучна улога во одбраната на ЕУ

Грција, која ја предводи мисијата на ЕУ за заштита на бродовите од јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, се надева дека ќе има позначајна улога во обезбедувањето на безбедноста на Унијата, рече грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да бидеме способни да се браниме“, изјави Никос Дендијас за Ројтерс, додавајќи дека Европската унија може да го постигне тоа во соработка со НАТО и другите сојузници.

„Она што се обидуваме да го направиме е да имаме домашна одбранбена индустрија во Грција и Европа, која би можела да ги задоволи потребите на Европската унија“, посочи Дендијас.

Поморската мисија на ЕУ во Црвеното Море, наречена „Аспидес“, што на грчки значи „штитови“, беше лансирана минатиот месец за да ги штити бродовите од нападите на милитантите Хути, кои напаѓаат во знак на поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна со Израел.

На раскрсницата меѓу Азија, Африка и Европа, Грција ја контролира најголемата трговска флота во светот и нападите против нејзините бродови се зголемени.

Поради пренасочувањето на поморскиот товарен сообраќај по нападите на Хутите врз трговските бродови во Црвеното Море, најголемото грчко пристаниште Пиреја забележа пад на трговскиот сообраќај за 40 отсто.

Грчката фрегата „Хидра“ заплови во Црвеното Море минатата недела откако Атина ја презеде командата со мисијата на ЕУ, чие седиште ќе биде сместено во грчкиот град Лариса.

„Важно е да успееме“, рече Дендијас. „Не можете да бидете раскрсница ако патиштата не постојат или не функционираат. Така што за нас (Грција) ова е огромна закана директно и индиректно“.

И Грција и Европската унија се алармирани од „софистицираниот пристап“ на Хутите, рече тој, со морски мини и оружје на подморница што се користат во нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ