сабота, 27 јули 2024

Денарот е стабилен, ќе издржиме

Објавено на

часот

Сподели

„Нема простор за загриженост. Соодносот долар – евро постојано е подложен на промена меѓутоа не ги засега граѓаните на Македонија. Последните 10 години иако еврото ја зголеми вредноста за 50 проценти во однос на доларот, тоа не значеше ништо за македонските граѓани, односно никој не се почувствува за толку побогат, така што и сега ако оди во обратна насока ние нема да се почувствуваме посиромашни“, истакна гувернерот  Богов.

Сепак првиот човек на НБМ признава и навестува дека ни претстои тешка година, пред сè, како што вели, поради тоа што многу работи не зависат од Македонија.

„Многу работи не зависат од нас, меѓутоа она што зависи од нас ние максимално ќе се трудиме да го направиме онака како што треба за да ги минимизираме негативните ефекти од кризата во еврозоната врз македонската економија.“

Народната банка денеска ја посети претседателот Ѓорге Иванов, кој рече дека е задоволен од резултатите што му биле презентирани и кои според него укажуваат дека општата претстава за економијата во Македонија е стабилна.

„Ни беа презентирани сите податоци за минатата година од која може да се заклучи дека општата претстава за економијата во Македонија е стабилна. Ми беа укажани општите трендови за дефицитот и задолжувањето кон странство, кое е пример како во регионот, така и пошироко со оглед на она што се случува во ЕУ. Денарот останува стабилен, а и банкарскиот сектор е стабилен како што покажува симулацијата на стрес-тестовите. Она што ми беше презентирано укажува дека треба да бидеме задоволни од општата состојба во економијата, каде индикаторите покажуваат дека ќе имаме раст од три отсто, кој можеби е скромен, но во овие услови е сепак индикатор што укажува на очекување и будење на еден оптимизам“, истакна Иванов и додаде дека политиката што ја води НБРМ е за пофалба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ