Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница.
Во пожар во Домот за сместување на возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики Борак, Бараево, загинаа осум жители, а седуммина се повредени.
Полицијата во врска со пожарот уапси три лица, меѓу кои и одговорниот за објектот, поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност, за кое се предвидува затворска казна од две до 12 години.