сабота, 27 јули 2024

Ден на жалост во Русија, знамињата на пола копје

Русија денес ги спушти знамињата на пола копје поради денот на жалост откако десетици луѓе беа убиени во петокот со автоматско оружје на рок концерт во предградие на Москва во најсмртоносниот напад во Русија во последните две децении, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Русија Владимир Путин прогласи национален ден на жалост откако вети дека ќе се најдат и казнат сите кои стојат зад нападот, во кој загинаа 133 луѓе, вклучувајќи три деца, а над 150 се повредени.

„Им изразувам длабоко, искрено сочувство на сите оние кои ги изгубија своите најмили“, кажа Путин во вчерашното обраќање. „Со вас тагува целата земја и целиот наш народ“.

Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во петокот, но Путин не ја спомна јавно милитантната група во врска со напаѓачите, за кои кажа дека се обидувале да избегаат во Украина, тврдејќи дека некои „од украинска страна“ подготвиле да ги префрлат преку границата.

Украина повеќе пати негираше каква било улога во нападот, за кој Путин го обвини „меѓународниот тероризам“.

Луѓето положуваат цвеќе во Крокус сити хол, концертна сала со 6.200 места во околината на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ