среда, 19 март 2025

Ден на жалост во Бугарија и Црна Гора за загинатите во трагедијата во Кочани

Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со  Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков. Денес во Црна Гора ќе биде Ден на жалост по повод трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 млади луѓе, а над 150 се повредени, соопштија властите во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна.

Подготвени сме да примиме уште повредени, но тоа зависи од нашите колеги од Северна Македонија. Во постојан контакт сме, нашиот амбасадор е на терен и ја следи ситуацијата. Изразивме подготвеност и имаме капацитет за тоа. Обезбедивме услови семејствата на повредените да дојдат во Бугарија за да бидат во контакт и да им пружат поддршка, изјави шефот на бугарската Влада.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ