понеделник, 9 декември 2024

Ден на победата над фашизмот

Објавено на

часот

Сподели

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили.

Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.

На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.

Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, но и од теророт на окупаторите, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Југославија загуби 1,7 милиони жители Борбата на македонскиот народ во Југославија, Грција и Бугарија беше под раководството на Комунистичката партија.

На првото заседание на АСНОМ, како највисоко законодавно и извршно народно претставничко тело на македонската држава, македонскиот јазик беше прогласен за службен во македонската држава и започнал државниот развој во рамки на федеративна Југославија.. 

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, бројни делегации денеска ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и на партизанските гробишта во Бутел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ