сабота, 27 јули 2024

Демонстранти во Париз влегоа во берзата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Светот ги виде фотографиите и снимките на работниците кои упаднаа во економските канцеларии, мавтајќи со синдикалните знамиња.

Портпаролот на Еуронекст соопшти дека протестот не влијаел на работењето, како ни на берзанските трансакции, пренесува Блумберг.

Граѓаните сè уште се противат на пензиската реформа на францускиот претседател Емануел Макрон, иако планот беше усвоен во понеделник.

Гневот поради одлуката на Макрон да ја крене минималната старосна граница за заминување во пензија од 62 на 64 години и понатаму е силен во Франција.

Протестите на почетокот се одржуваа на улиците низ главниот град, на кои неколку вечери по ред демонстрантите палеа контејнери.

Меѓутоа, противниците на реформата сè повеќе целат на симболите на капитализмот и бизнисот, откако протестите организирани во последните недели имаа мало влијание врз француската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ