недела, 20 октомври 2024

Демонстранти во Мексико насилно влегоа во зградата на Сенатот, се противат на контроверзна реформа

Мексиканскиот Сенат ја продолжи расправата за контроверзната судска реформа на алтернативна локација, откако демонстрантите упаднаа во салата на Сенатот среде седницата.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите насилно влегоа во зградата на Сенатот додека траеше дебатата, со што ескалираа неколкунеделните масовни протести против реформата, за која критичарите стравуваат дека може да го поткопа владеењето на правото во земјата.

Дебатата, која најверојатно ќе трае до раните утрински часови, продолжи во 19 часот по локално време, откако беше преместена на поранешната локација на Сенатот, зградата Ксикотенкатл.

Претходно во текот на денот, претседателот на Сенатот Хозе Херардо Фернандез ја прекина седницата и побара од пратениците да останат мирни бидејќи демонстрантите ги преплавија горните катови на салата, извикувајќи „предавници“, спротивставувајќи ѝ се на реформата.

Главните трговски партнери на Мексико, САД и Канада, предупредија дека промените би можеле да го поткопаат трговскиот пакт на трите земји и негативно да влијаат на инвестициите.

Основата на уставната реформа, која ја предложи претседателот во заминување, Андрес Мануел Лопез Обрадор, претставува директен избор со јавно гласање на повеќе од 6.500 судии, вклучувајќи го и Врховниот суд.

Со реформата се предлага и намалување на бројот на судии во Врховниот суд од 11 на 9, скратување на мандатот на 12 години и намалување на потребниот работен стаж од 10 на 5 години.

Лопез Обрадор и новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум силно се залагаат за реформата како клучна за да се бара одговорност од судиите и да се намали корупцијата. Критичарите го нападнаа како концентрација на моќ од страна на владејачката партија.

Додека сенаторите дебатираа за реформата, опозициските пратеници го обвинија владејачкиот блок за прикриена тактика да обезбеди неопходно двотретинско мнозинство.

Гласањето се очекува да биде тесно, а на владејачката коалиција формално ѝ недостасува еден сенатор, иако се погласни се шпекулациите дека опозицискиот сенатор Мигел Анхел Јунес би можел да го даде клучниот глас за прифаќање на реформата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ