сабота, 27 јули 2024

Демократско движење: Во Идризово брутално се претепани 50 затвореници

Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи мора да дадат објаснување за јавноста, бидејќи самиот факт дека во болница завршиле околу 50 затвореници, покажува дека нешто сериозно се случило, соопшти партијата Демократско движење.

Објавено на

часот

Сподели

„Во затворот Идризово од страна на полицијата брутално биле претепани околу 50 затвореници. Иако вистинските мотиви не се познати, сликите кои се објавија во јавност покажуваат дека овие затвореници биле третирани на најлош нечовечки начин. Ова констатација уште повеќе го потврдува пренесувањето на истите во Државна болница каде им се укажува прва помош“, реагира Демократско движење.

Државните органи, кои ја применија ова бруталност, треба да знаат дека и затворениците ги имаат своите права утврдени со закон затоа што и тие се човечки суштества. Додека Али Ахмети, Артан Груби и Кренар Лога, со сета сила се ангажирани да ги помилуваат делата на поранешните корумпирани и криминализирани функционери, додека Мијалков лежеше во затвор и организираше милионска свадба за неговиот син, додека се врши притисок врз судиите за да ги ослободат обвинетите владини лица, додека се потрудат да ги ослободат терористите од настанот 27 април каде најтешко патеше Зијадин Села, додека ни збор не се слуша од властите за Албанците кои издржуваат казната затвор за монтирани случаи, додека вооружени конфликти се случуваат во јавни места со закани по животот на граѓаните, актуелната власт ја покажува неговата сила со специјалната единица која брутално ги претепа затворениците“, соопшти Демократско движење.

„Објаснувањето треба да биде адекватно и аргументирано, бидејќи во јавноста постојат различни верзии за овој настан, кој сепак можел да има поинаков епилог со помалку последици. Ако, како што се вели од полиција се пронашле толку забранети предмети во затворот Идризово, тогаш ова покажува дека раководството на оваа институција треба да се изјасни пред надлежните органи“, соопшти ДД.

Во сведочења по медиумите, затвореници изјавија дека биле претепани 150 лица, дека полицајците испокршиле се во нивните затворски ќелии, дека дел од затворениците се со скршени раце, нозе, заби

Вчера МВР соопшти дека при претрес во полуотвореното оддление во затворот Идризово биле пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. Во акцијата биле повредени затвореници, но и полициски службеници, соопшти МВР.

При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. Притоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ