петок, 27 декември 2024

Демократскиот сојуз бара закон за политичка одговорност

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична одговорност, како и нивните налогодавачи.

Објавено на

часот

Сподели

„Криминалот и влијанието врз судовите не е само самостојна  определба и одлука на Артан Груби и Енвер Беџети, туку зад сите овие мафијашки однесувања стои лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Демократскиот сојуз повикува парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД за да се создаде законска основа за поведување постапка за кривична одговорност.

САД покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа.

Водството на ОНА наместо во Хаг, дваесет  години ја ограбува Македонија и нејзините граѓани, и Албанци, и Македонци.

Очекуваме оставки и акција од државата“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ