четврток, 26 декември 2024

Демократски сојуз: Со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, а не келнери

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет.

Ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија. Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција.

Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.

Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет.

Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одраз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги.

Оваа пракса прави огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата.

Инсистираме на поголема одговорност во процесот на именување и назначување на функционери, транспарентен процес и цврсти критериуми“, соопшти ДС.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ