„По констатирањето на оставките да почне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет.
Инсистираме и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на уставниот амандман (Амандман XXVII) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите.
Со оставките ќе се направи мал чекор кон почнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина“, соопшти ДС.