среда, 23 октомври 2024

Демократите повикуваат на прекин на огнот, републиканците го повикуваат Израел да ја „заврши работата“ во Газа

Неколку американски демократски конгресмени денеска повторно повикаа на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, додека републиканците ги критикуваа претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за, како што сметаат, недоволната поддршка за Тел Авив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова доаѓа откако ИДФ во саботата вечер ги пронајде телата на шест заложници, меѓу кои и американскиот државјанин Херш Голдберг Полин, во Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

„Неопходно е веднаш да се постигне итен прекин на огнот (договор) што ќе овозможи ослободување на сите преостанати заложници, протек на хуманитарна помош во Газа и да помогне долгорочната визија за мир и стабилност да стане реалност“, рече демократскиот сенатор Дик Дурбин на Икс.

Републиканскиот сенатор Том Котон рече дека демократите „продолжуваат да го охрабруваат Хамас“ повикувајќи на прекин на огнот и апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да ја заврши работата“ во палестинската енклава, што, според него, Бајден и Харис веќе требало да го направат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ