сабота, 27 јули 2024

Демократи во Конгресот загрижени поради испраќањето касетна муниција во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Кејн рече дека е во недоумица во однос на одлуката на САД да испратат касетни бомби во Украина, бидејќи тоа може да ги поттикне другите земји да ја заобиколуваат меѓународната конвенција што забранува употреба на овој вид оружје, пренесува Ројтерс.

„Ваква одлука може да значи зелено светло за другите нации да направат нешто слично“, рече Кејн за Фокс њуз. Сепак, тој додаде дека „го цени фактот што администрацијата на Бајден се справува со ризиците“ што ги носи тоа.

Ли ја повика администрацијата на Бајден да го преиспита потегот.

„Касетните бомби никогаш не треба да се користат. Тоа значи преминување на границата“, изјави таа за Си-ен-ен во неделата, додавајќи дека САД ризикуваат да го загубат „моралното лидерство“ со испраќањето касетни бомби во Украина.

Соединетите Американски Држави во петокот објавија дека планираат да ја испратат широко забранетата касетна муниција во Киев како дел од новиот безбедносен пакет од 800 милиони долари, со што вкупната американска воена помош дојде до повеќе од 40 милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Групите за одбрана на човековите права и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја доведуваат во прашање одлуката на Вашингтон да испрати таква муниција.

„Тие нема да ја користат таа муниција против руски цивили“, рече Кејн, кој членува во Комитетот на американскиот Сенат за оружените сили, за потенцијалната употреба на бомбите од Украина. Тој додаде дека Киев дал гаранции, кои во петокот ги објави и Белата куќа.

Касетната муниција е забранета во повеќе од сто земји. Но Русија, Украина и САД не ја потпишаа Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и транспорт на ова оружје.

Касетните бомби се истрелуваат како ракети од хаубици, топови и ракетни фрлачи. Тие содржат стотици мали експлозивни направи, кои се расфрлаат на многу голема површина – од големина на неколку фудбалски игралишта до повеќе хектари земја.

Ваквите експлозивни направи убиваат не само војници, туку и цивили, а меѓу нив често има и многу деца. Оние што не експлодираат остануваат опасност и децении по завршувањето на конфликтот

Администрацијата на Бајден и многубројни претставници и од Демократската и Републиканската партија ја бранеа одлуката за испраќање на контроверзното оружје во Украина, објаснувајќи дека е неопходно да се забрза контраофанзивата на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ