сабота, 27 јули 2024

Демиркаписката клисура ќе биде прогласена за заштитено подрачје

Министерството за животна средина (МЖСПП) ја прифатило иницијативата за отпочнување на процесот за репрогласување на Демиркаписка клисура и околната територија, информираа меѓу другото, на денешната средба со новинари во Скопје, организирана од Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест.

Фото: Еко-свест

Објавено на

часот

Сподели

„Во април започнуваме со маркирање на подрачјето, студија за валоризација на вредностите и социо-економска студија, што ќе доведат понатаму до процесот на прогласување“, информираше Ѓорѓи Митревски, програмски координатор за води.

Тој се осврна уште на еден проект, за поддршка на националните паркови, за мониторинг и управување со реките и речните еко-системи.

Симона Трајковска, програмски координатор за природа, најави дека на 22 март во мултикултурниот центар во Вевчани, што ќе биде инфо-центар, ќе биде отворена трајна изложба за природното богатство во тоа заштитено подрачје. Се подготвуваат и едукативни материјали за јакнење на еко-свеста на најмладите.

Елена Николовска, програмски координатор за клима, соопшти дека во соработка со МАНУ, имаат изработено мапа за најпогодни локации за обновливи извори, ветерници и фотоволтаични централи.

„За да имаме добри законски решенија во оваа сфера, мора да се земаат предвид мислењата на сите засегнати страни“, подвлече таа, додавајќи дека станува збор за многу значаен сектор.

Демиркаписката Клисура е четврта по ред клисура на реката Вардар со должина од 19.5 километри и ги разделува Тиквешката Котлина со Гевгелиско-валандовската Котлина. Почетниот дел на Демиркаписката Клисура е всечен во јурски варовници и додека пак останатиот дел е изграден од магматски карпи односно дијабази. Клисурата претставува еден од најбогатите орнитолошки резервати во Европа според застапеноста на ретките грабливи птици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ